FAQ Минервал

FAQ

FAQ Минервал

Вообичаени прашања и одговори во однос на Степенот Минервал во Ordo Templi Orientis и за зачленување во Редот.

Степенот Минервал е воведен Иницијациски Степен (00) во Ordo Templi Orientis. Се вели дека го симболизира првиот чекор при патувањето од Себството до Вечноста, каде што Егото, Лутачкиот Бог, е привлечен од Соларниот Систем. Следниве прашања и одговори се запишани со цел да му помогнат на оној кој смета да се придружи на Редот земајќи го Степенот на Минервал. Некои од прашањата единствено се однесуваат на Телема Ложата.

П. Што е иницијација?

О. Генерално кажано, Иницијацијата имплицира почеток или воведување. Во О.Т.О. тоа е физичка церемонија која вообичаено служи за неколку цели. Степенот Минервал ги запознава кандидатите со Телемитските Мистерии преку драмска алегорија и симболи.

П. Зошто јас би сакал да се иницирам?

О.Секој си има своја причина за да се појави на иницијација… не постои единствен или правилен одговор на ова прашање. Сепак, еве некои вообичаени одговори на ова прашање

  1. да се испита на необврзувачки начин што би можеле да бидат Телемитските Мистерии (со оглед на тоа што Минервалот не воспоставува никаква постојана врска со Редот).
  2. да се стане член на Редот и на Ложата
  3. да се стане подобен за учество во Гностичка Миса
  4. да се побара подлабоко ниво на дружење со членовите на заедницата
  5. да се стане Иницијант во нашите Мистерии

П. Постојат ли некакви услови за тоа?

О.Да, постојат неколку услови за да се стекне право за иницирање во овој Степен

  1. возраст од најмалку 18 години
  2. да се биде неосудуван на затворска казна
  3. способност да се преземе и чува обврзувачка заклетва кон Редот
  4. да не се биде претходно инициран во О.Т.О.
  5. да се добие гаранција од два членови од I0или повисок

П. Каква е процедурата за иницијацијата?

О.Се започнува со пополнување и предавање на апликација за Степенот Минервал. Апликација можете да добиете од Мајсторот на Ложата или од локалниот овластен Иницијатор. Запомнете дека еден од условите е потпис на двајца Спонзори кои се Иницијанти од најмалку Прв Степен.

П. Во ред, но како да пронајдам двајца спонзори?

О.Пред да можеш да бидеш инициран потребно е да развиеш ниво на лична блискост со два члена на Редот. Ложата спроведува многу активности од отворен карактер на кои можат да гостуваат и неприпадници на Редот. Таму можеш да се сретнеш и запознаеш со тие луѓе. Можеш да контактираш со офицерот на Ложата или да погледнеш во нашиот календар за информации во врска со престојните настани кои се отворени за јавноста. Еден од најдобрите начини е да започнеш да ги посетуваш нашите неделни прослави на Гностичката Миса.

П. Дали моите спонзори ќе присуствуваат на мојата иницијација?

О.Иако се препорачува твоите спонзори да бидат присутни, тоа не е задолжително. Понатаму, твоја е одговорноста да ги информираш за датумот на твојата Иницијација.

П. Дали треба да чекам некаков распоред за Минервал пред да ја предадам апликацијата?

О.Не! Ние ги закажуваме иницијациите врз основа на тоа како ги добиваме апликациите. Ако немаме апликации тогаш не закажуваме ниту иницијации. Затоа предадете ги апликациите! Можете да му ги дадете на мајсторот на Ложата или на Секретарот.

П. Дали трошоците за иницијација треба да ги платам при предавање на апликацијата?

О.Не. Можеш да ги платиш било кога до денот на Иницијацијата (иако што порано тоа подобро).

П. Откако ќе ја предадам апликацијата за Минервал што можам да очекувам?

О. Ќе добиеш писмо за датумот и времето на иницијација и за тоа каде ќе биде одржана. Може да поминат и неколку месеци пред да биде закажана Иницијацијата. Биди трпелив. Остани во контакт и посетувај ги настаните на кои им е дозволено присуство и на неиницирани.

П. Што ако не ми одговара закажаниот термин или пак се премислам после предавањето на апликацијата.

О.Тоа не преставува проблем. Само извести го Мајсторот на Ложата. Ако треба можеш да ја прескокнеш церемонијата и да бидеш ставен на распоредот за наредната. Имај на ум дека ако од моментот на предавање на апликацијата измине година тогаш треба да пополниш и предадеш друга апликација.

П. Што да планирам да носам на церемонијата за Минервал?

О.Ништо не треба да понесеш освен себеси (се разбира треба да ги платиш и трошоците ако тоа претходно не си го сторил. Тие ќе бидат назначени во писмото).

П. Како да се подготвам за Минервал?

О. Не постои ниеден точен одговор на ова… се зависи од тебе. Практично кажано не треба ништо да правиш за да се подготвиш. Можеби би било добро да ја посетиш ВЕБ страницата на локалното тело за да се информираш за Редот на кој ќе му се придружиш. Конечно, преземаш скок со вербата така да се каже.

П. Откако ќе станам Минервал колку време морам да чекам пред да земам Прв Степен?

О. Не постои минимален период за чекање – практично Првиот Степен можеш да го земеш уште истиот викенд. Сепак, ние не го препорачуваме тоа. Степенот Минервал е самосодржајна иницијација и треба да се искуси на одредено време. Вообичаениот период на чекање е 9 месеци.

П. Па, дали се придружувам на култ, или што?

О.Иако понекогаш сакаме да се пошегуваме дека сме култ, ние во стварност не сме тоа. Иако точната дефиниција за култ е група на луѓе кои споделуваат исти верувања и религиозни практики (што секоја религија ја прави култ), знаеме на што мислиш. Постојат неколку заеднички практики кои се вообичаени за еден „озлогласен“ култ.

  1. Миење на мозокот – иако О.Т.О. тврди дека ги подучува кандидатите во Мистериите на Телемата, ние не користиме методи со “контрола на умот” како бомбардирање со љубов, лишување од сон, ограничувања со диети или било каков принуден систем со физичка или психолошка манипулација со цел да се заведат луѓето во нашиот систем на верување. Телемата на ваквите техники фрла анатема.
  2. Блокирање на излезот – на никаков начин ние не ги попречуваме членовите од напуштање на Редот.
  3. Одрекување – во ниту еден момент не бараме од членот да се откаже од моменталните или поранешните убедувања во врска со верата, некакви здруженија и активности или пак од начинот на живеење. Ниту пак ги принудуваме членовите да признаат дека се некакви “грешници”.
  4. Изолација – не одвојуваме никого (директно или индиректно) од неговото семејство, пријателите, работата или од општеството воопшто.
  5. Финансиска манипулација – иако во конституциите на Редот од 1919 година се зборува за тоа дека членовите од повисоките степени треба да го дадат својот имот на редот, всушност од ниеден член не се очекува целата своја сопственост и богатство да ја предаде на Редот.
  6. Харизматични лидери – О.Т.О. навистина има лидери но тие не се “харизматични”или “безгрешни”што значи Редот не е “култ на личност”. Побргу би рекле дека тоа е трајна институција- која не се заснова на ништо лично и ние не тврдиме дека сме “вистинската вера”или единствениот пат до “спасението”.
  7. Контрола на однесувањето – никој во нашиот Ред нема да ти каже како да го живееш својот живот, што смееш а што не смееш и сл. Вистина е дека ние полагаме заклетва која има врска со однесувањето но сето тоа е оставено на секој поединец како ќе го интерпретира и исполни – никој во Редот не ги надгледува и контролира членовите.
  8. Недозволени прашања – ние промовираме критичко размислување и не ги занемаруваме прашањата и критиките кои се однесуваат на Редот.

П. Ако станам Минервал во Телема Ложата дали тоа по автоматизам ме прави член на Ложата?

О. Не! Со станувањето Минервал ти автоматски стануваш член на Големата Ложа на САД (како и сите членови во Америка, а во Македонија стануваш член на локално тело што е под јурисдикција на Интернационалниот Штаб) но не и на локалното тело каде си бил инициран. Секое локално тело (камп, оаза или ложа) има свои сопствени правила за членство. За да станеш член на Телема Ложата, мора да бидеш Инициран член во О.Т.О. (на пример најмалку Минервал) и да се согласиш да плаќаш локална членарина. Исто така би требало да го прочиташ нашиот есеј За Членството за со тоа да стекнеш претстава што значи да се биде полноправен член.

П. Како Минервал во какви активности во Ложата можам да земам учество?

О. Да присуствуваш на идните церемонии за Минервал како гостин. (Во било кое О.Т.О. тело во светот). Што и крајно се препорачува. Исто така ако си покрстен во Гностичка Католичка Црква можеш во улога на офицер да учествуваш во Гностичката Миса (како “дете”). Можеш да започнеш почетна обука во Ѓаконатот и/или Свештенството. Можеш да волонтираш во многу активности и ритуали од неиницијациски карактер.

Исто така ќе добиваш и Агапе (магазин на Големата Ложа на САД), Magical Link (Интернационален О.Т.О. магазин), и Oriflamme (книги од интерес за членовите на Редот).

П. Како Минервал какви ми се финансиските обврски кон Редот?

О.Постојат два парични издатоци:

  1. членарина за членство во Големата Ложа на САД. Таа се плаќа годишно, а висината на износот зависи од Степенот. За Минервал годишната членарина е 36 USA долари. Сите членови во САД се обврзани да ја платат оваа членарина. со сумата од 72 долари која ја плаќате при Иницијација ја подмирувате и членарината за една година.
  2. членарина за членство во локалното тело. За во Телема Ложата оваа сума е 20 долари месечно или 240 долари годишно. Оваа членарина ја плаќаат сите членови. Ако не сакате да се придружите на Телема Ложата, морате да ја платите членарината за Големата Ложа на САД за да останете член во Редот со добар статус. (Во Македонија трошоците се 15%од трошоците на Редот на светско ниво).

П. Плаќањето 20 долари месечно се чини голема сума. Зошто членарината е толку висока?

О. Имаме многу трошоци. Локалната членарина ни помага да ги подмириме трошоците за наемнина за просторијата од Храмот, да ги набавиме сите неопходни продукти и да обезбедиме услуги како ВЕБ страница и списание. Кога ќе земете се на се 20 долари изгледа добар пазар! Запомнете дека сите неопходни парични средства ги собираме од локалната членарина, не добиваме никакви средства од Големата Ложа ниту пак од било кој друг извор. (Моментално во Македонија не се плаќа локална членарина).

П. Што во суштина значи Минервал?

О. Генерално земено, Минервал е Трагач по Мудроста, Вистината или Светлината (или на сите три). Зборот е извлечен од името на Римската Божица Минерва, пандан на Атена, Грчката Божица на Мудроста. Минерва исто така била сметана за Божица на воините, поезијата, медицината, трговијата, занаетчиството, како и изумител на музиката. Можеш да извлечеш сопствен заклучок за ова по одредено време поминато во Редот.

П. Што е М.М.М.

О. Иницијалите М.М.М. се за Misteria Mystica Maxima. Почетно тоа беше име за О.Т.О. системот на степени во Велика Британија тогаш под водство на Кроули (во тоа време водач на Редот беше Теодор Ројс). Своевремено неговата М.М.М. беше припоена кон регуларниот систем на Редот. Денес ги вклучува степените од 00– VII0.

П. Треба ли да знам кој ќе ми биде Иницијатор?

О. Не. Само треба да сочекаш и да видиш.

П. Откако ќе станам Минервал треба ли да очекувам да земам и Прв Степен?

О. Апсолутно не! Земањето Прв Степен е сериозна одлука, и ниту еден Минервал не треба да почувствува дека е втурнат во тоа. Некои го земаат Првиот Степен веднаш а некои дури по многу години, подеднакво е чесно да го поминеш целиот свој живот како Минервал. Изборот во целост е твој.

П. Кој ќе има пристап до моите лични податоци по иницијацијата?

О. Ние доверливоста ја сфаќаме многу сериозно – конечно ова е Таен Ред. Полното цивилно име се дава на членовите на Редот во случај на службена битна потреба. Во рамки на Ложата, Мајсторот на Ложата, Секретарот и Ризничарот имаат потреба да го запишат твоето полно цивилно име. Исто така и Големата Ложа има податоци за твоето полно име и презиме. И покрај се под никакви околности Ложата или Редот нема да го дадат твоето цивилно име на трета страна.

П. Дали ако се зачленам во О.Т.О. тоа исто така ме промовира во Масон?

О. Членството во О.Т.О. само по себе не предава никаков статус на слободен ѕидар. Во еден период Редот беше обединет со Европската Масонерија, но тие врски во 1918 год ги прекина Кроули. Иако постојат многу сличности, О.Т.О. системот е независен и осмислен да го рефлектира учењето на Телемата.

П. Кога ќе се појавам на Иницијацијата за Минервал ќе морам ли да жртвувам јарец или да сторам нешто друго, а што не би сакал?

О. Најпрво, важно е да се каже дека во ниту еден момент од текот на Иницијацијата нема да бидеш присилен на нешто што е спротивно на твојата Волја. Исто така можеме да кажеме дека ниеден Иницијациски ритуал на О.Т.О. не вклучува жртвување на животни на било кој начин (иако ние неопходно не ја осудуваме таквата религиозна практика). Конечно треба да се напомене дека за некои кандидати Иницијацијата за Минервал може да биде прилично длабоко искуство. Иницијацијата за Минервал е осмислена да биде предизвик, а не некакво понижувачко или болно искуство. Напротив целта е подучување, просветлување, добредојде и подобрување на животите на иницијантите.

Back To Top