O.T.O. Newsletter Vol. I N0 2, 1977 e.v.
AL II. 36: “ Постојат ритуали на елементите и прослави на сезоните.”
Ритуали на елементите – Коментарот на Терион:
“Секој елемент – Оган, Земја, Воздух, Вода и Дух – поседува своја сопствена Природа, Волја и Магичка формула. Поради тоа секој елемент може да има свој соодветен ритуал.”
Во продолжението препорачува во книгата “Златна Гранка” од Фрејзер да се проучат примерите на тие ритуали, кои што кај примитивните народи се изведуваат во доста несовршена (што не значи и неефикасна) форма.
Практикантите, кои веќе извесно време го изведуваат Малиот истерувачки Ритуал на Пентаграм, би можеле да преминат на изведување и на Големиот ритуал на Пентаграм и Малиот Ритуал на Хексаграм. Практиката од тие ритуали ќе ги оспособи за креирање на свои Ритуали на елементите. Во врска со ова, најголема помош ќе можат да најдат во Liber 777, а тоа се линиите, кои се однесуваат на Елементите. (Линија 31 за Огнот, линија 23 за Водата, итн.)
Што се однесува на Акаша (Дух), имаме Хексаграм, извонреден е и Liber Samekh.
Времето на изведувањето: погледни го зодијачкиот круг.
Прославите на сезоните се изведуваат за време на Еквиноксите (20 март и 23 септември) и за време на летната долгоденица, односно зимската краткоденица ( 22 јуни и 22 декември) по кои се празнува.
Пролетниот еквинокс е и Нова Година (по новиот Еон – т.е. “новатаера”), тогаш телемите можат да се посетуваат и даруваат, итн
AL II. 37: “Прославата за првата ноќ на Пророкот и неговатаневеста!”
12 август. Венчавањето на Ѕверот го овозможило откровението на Новиот Закон, зашто Роуз (Rose) била таа која го диктирала. “Ова не е некоја одбрана (апологија) на обичаите за венчавање”, забележува Кроули.
Тој ден по залезот на сонцето може да се изведува Liber XV (Ecclesiae Gnosticae Catolicae Canon Missae) или Фениксова Миса. Потоа се преминува на празнување.
Al II. 38: “Прославата за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот!”
8. 9. и 10 Април.
8. Април напладне се чита I поглавје на книгата на Законот.
9. Април напладне се чита поглавје II на Книгата на Законот.
10. Април напладне се чита поглавје III на Книгата на Законот.
После секое читање може да се изведе Liber XV или Фениксовата Миса. Потоа следува празнување.
AL II. 39: “Прославата за Тахути и детето на Пророкот – тајна, о Пророку!”
Овој празник ќе се изведува кога ќе се манифестира Пророковото Дете.
(Забелешка: во “Книгата на Законот со коментарите” од д-р.П.Василевич забелешката на уредникот на I.55 – стр. 35 – е нецелосна. Наскоропо пишувањето на “Liber Aleph” – 1918 – беше јасно дека Чарлс Стенфилд Џонс(Charles Stanfeld Jones) НЕ Е син на Терион.
Погрешна е и 4 забелешка во “Книгата на Мудроста и Лудоста” одистиот автор – стр.3 – Ч. С. Џонс (или O.I.V.V.I.O.) не успеал да ја премине БЕЗДНАТА, а не дека “не успеал да стигне до степенот Ipsissimus”.)
AL II. 40: “Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава заЕквиноксот на Боговите.”
20 Март (двата празници).
Возвишениот Ритуал е Призивот на Хорус, кој е отпечатен во“Еквиноксот на Боговите” (the Equinox of the Gods).
(Забелешка: “Еквиноксот на Боговите” е израз кој се употребува за да опише Почеток на некој Нов Еон, или на Нова Магичка Формула.)
Студентите кои се почетници и практикантите кои не го поседуваатгорниот текст можат да се обидат самостојно да креираат ритуал за призив на Хорус (Хексаграм на Марс, Liber 777 итн).
AL II:41: “Прослава за оган и прослава за вода; прослава заживот и уште поголема прослава за смрт!”
“Прослава за оган и вода” означува дека треба да се прослави почетокот на пубертетот на момчето или девојчето. Во случај да сте во контакт со EGC може да се изведе Телемитско Крштевање, со што кандидатот станува член на EGC. Следува празнување.
Ако не сте во контакт со EGC, сепак би требало да се одржи празнувањето (т.е. да се прослави пубертетот).
“Прослава за живот” е роденден и тогаш може да се изведува Liber XVи потоа да се празнува.
“Поголемата прослава за смрт” се одржува на денот на смртта (на некоја личност. На прим: 1 Декември – денот на смртта на Пророкот). Кроули: “Многу е важно погребите да се прават радосно, за луѓето да се вежбаат да заземат правилен став кон смртта.”
(Од коментарите на Терион на II:41.) Смртта сама по себе не е ни добра ни лоша. Тоа е еден од животните факти. Физичката смрт за некого може да биде трагична (на прим. Кога бебето ќе ги загуби обата родители), додека истата таа смрт за некој може да биде добра (на пр. Вујкото на горе наведеното дете ја презема одговорноста за него и доаѓа до стан, викендица, два автомобили, закрепнува од својата претходна беда итн). За овој “проблем” препорачуваме медитација на XIII Голема Аркана.
За поголема прослава може да се чита Химната на Пан, после тоа Liber AL и да се изведува Liber XV со неопходните додатоци за смрт. Ако нема можност за тоа би требало барем да се прочита изборот од средишните делови на Liber XV. Следува празнување.
AL II: 42 – “Секојдневни работи на поединци”
Датуми на празниците
- 20 март: Врховен Ритуал, Еквинокс (пролет) – Нова Година
- 8, 9 и 10 април: АЛ
- 21 јуни: Долгоденица (летна)
- 12 август: “Првата Ноќ”
- 21 септември: Рамноденица (Еквинокс) есенска
- 12 октомври: Роденден на А.К.
- 1 декември: Смрт на А.Кроули
- 21 декември: Краткоденица (зимска)
- +родендени + денови на смртта.
Голема прослава
Први декември
За поголема прослава по повод смртта на Алистер Кроули ви го претставувам преводот од написот “The greater Feast” печатен во O.T.O Newsletter-от Vol. II Nos 7&8 од 1979 год. e.v. (стр.66).
Кон средината на ноември 1947 Карл Гермер примил телеграма од А.К. со следната содржина:
“ГЕРМЕР:
ПЕРДУРАБО РОДЕН ПРЕД 49 ГОД.
ТЕРИОН ВИ ЈА ИСПРАЌА СВОЈАТА ЉУБОВ И ИСКРЕН БЛАГОСЛОВ ТЕБЕ, НА ТЕЛЕМИТИТЕ, НА УНИВЕРЗУМОТ.”
50-та година е јубилејна, крај на обврската да се истрае. Кроулиевата голема задача дојде на својот пропишан крај. Наскоро требаше да настапи неговото ослободување
1. декември Anno XLIII e.n. Едвард Александар Кроули (Edward Alexander Crowley) се зборува дека починал со последните зборови: “Збунет сум” (I am perplexed). Починал во својот стан; со него биле неговата последна Скерлетна жена и нивното дете.
Од писмото на лејди Харис (lady Harris), 8 декември 1948 e.v.:
“… Многу е тешко да се поднесе тоа, бидејќи јас бев толку многу сакана од него, и кога неговата состојба прилично ќе се влошеше бев во можност да му обезбедам дневна нега – болничарка, а и Watson постојано беше кај него.
Иако не верувам дека ме препозна, тој ден кога умре отидов кај него и проверив дали има се што му треба, а бидејќи не сакав ноќе да биде сам, донесов и ноќна болничарка. Госпоѓа Mc Alpine (Pat) беше тука со детето, кое е необично мало суштество, и Pat беше со него кога тој почина. Таа вели дека, за среќа само заспал без напор.
Претходниот ден делумно бил збунет (confused) и рекол дека не знае каде се наоѓа.
Кремацијата била доста импресивна и достоинствена. Louis Wilkinson извонредно ја прочитал поемата (Химната на Пан.), Книгата на Законот и извадоци од Гностичката Миса. Но дури ни тоа не можеше да ги замолкне глупавите репортери.”
Од писмото на Карл Гермер од 5 декември 1947:
“Невозможно е со зборови да се изрази тагата која ме обзеде кога во вторник наутро ја примив телеграмата со фаталната вест. Тоа не се однесува толку на тагата заради Алистеровата смрт. Што се однесува на тоа, јас прво чувствувам олеснување, дека е конечно завршено Неговото страдање, страдањето на неговото тело и осаменоста на овие последни неколку години. Неговата осаменост веројатно била поголема отколку во кој било период во многуте, многуте години од кога беше буден. (Тоа го мислам во смисла на “Буден свет” итн.) Таа осаменост сега е завршена, како и условите, колку што ми се чини, за неговото завршно постигнување, кое ми го изрази во телеграма од 18 ноември. Изгледа дека потоа немало ништо што би го задржало овде.
Но, кога ќе погледнам назад, она што најмногу ме натажува е тоа што многу често во овие години откако го познавам Алистер – сега преку 22 години – сум му поставувал пречки на неговиот пат и го спречував, понекогаш правејќи и вистински пекол за човекот А.Кроули. Мислев дека ќе можам да му помогнам од септември до почетокот на декември оваа година. Но британците, кои го распна својот најголем син, и толку го мачеа со својата злоба, не ми одобрија виза, и иако А.С. знаеше дека нема и дека не е потребно да го посетам, поништувањето на моето патување го прими како низок удар.
… Другата телеграма беше од еден Брат кој стапил во контакт со Телемата преку истакнат Брат од Берлин додека тој таму бил на воена должност за Британците. Не знам, кога овај Брат првпат дошол да го види А.К. ; можеби пред неколку месеци. С# на с#, с# што знам засега е во неговата телеграма, која гласи: “ДРАГ БРАТЕ: НАШИОТ МАЈСТОР МИРНО ПОЧИНА ДЕНЕС ПРВИ ДЕКЕМВРИ ВО ЕДИНАЕСЕТ ПРЕТПЛАДНЕ. ЈАС И МОЈАТА ЖЕНА СТИГНАВМЕ ВО NETHERWOOD ВЧЕРА. WRITING. Зборот ‘вчера’ би означувал 30 ноември. Многу ми е драго што, сепак, некој од Редот бил со А.К. при неговата разделба.”
***
Што се однесува до физичката смрт, гледај го 192-то поглавје на Либер Алеф.
Тестаментот на Алистер Кроули
Следниот текст е тестаментот на Кроули, кој се наоѓа во отчукана копија во архивата на Редот О.Т.О. во Калифорнија (USA). Иако не е оригинал постојат причини кои сведочат дека оваа копија е еднаква на оригиналот in verbum.
“Ова е мојот тестамент; Edward Alexander Crowley познат како Aleister Crowley од Nerherwood the Ridge Hastings Sussex Англија. Со ова ги поништувам сите свои досегашни тестаменти.
Јас ги одредувам моите извршители да го утврдат фактот на мојата смрт на начин кој им се чини дека е најправилен и без какви било можни грешки.
Јас сакам после мојата смрт моето тело да биде спалено, а мојата пепел заедно со печатниот прстен да му се предаде на Големиот Ризничар на (Grand Treasurer) Ordo Templi Orientis.
Јас ги одредувам Karl Johannes Germer од 260. West 72nd Street New York City и Lady Frieda Harris жена на Sir Percy Harris од 3 Devonshire Terrace Marylebone High Street London W.1. и Louis Umfraville Wilkinson доктор по Лингвистика чија што адреса се чува во Westminster Bank Limited Shaftenbury Avenue London W.C.1 да бидат Извршители на овој мој тестамент (понатаму означени како Извршители) освен што се однесува на мојата сопственост и резултатите (вклучувајќи ги и авторските права) од и во врска со мојата авторска работа за кои што се однесува сопственоста и ефектот ги ОДРЕДУВАМ како извршители наведениот Louis Umfraville Wilkinson и John Symonds од 121 delside Road London W.C.3. (понатаму означени како “мои литературни извршители”).
ЈАС БАРАМ од моите литерарни извршители по мојата смрт да соберат што е можно пред кого било и од каде било сите мои книги, ракописи и резултати од литерарна природа вклучувајќи ги и сите оние дела над кои што ЈАС на денот на мојата смрт би имал било какво право на располагање И ЈАС ГИ ДАВАМ И ГИ ЗАВЕШТАВАМ моите книги, ракописи и резултати собрани од моите литерарни извршители слободно од сите обврски после смртта на ДОВЕРБА дека тие ќе го проследат тоа до Големиот Ризничар на Ordo Templi Orientis на 260 west 72nd Street New York City со молба таа збирка со апсолутно право на употреба да припадне на наведениот Ред и ЈАС ИЗЈАВУВАМ дека при примањето на тоа Големиот Ризничар на моите литерарни извршители да им ги плати сите долгови што се однесува на погребот и трошоците во врска со тестаментот.
Јас им го оставам во наследство и ГО ОДРЕДУВАМ целиот свој преостанат имот, добра и сите останати дела на наведените Karl Johannes Germer, Lady Frieda Harris и Louis Umfraville Wilkinson во зависност од тоа кој од нив ќе биде жив на денот на мојата смрт, а ако се живи повеќе од еден човек тоа да го разделат меѓу себе во еднакви делови за негово или нејзино добро, но со молба тој или таа истото да го распоредат меѓу моите верни пријатели во согласност со кои било мои желби изразени од мене за време на мојот живот или изразени во која било белешка запишана или потпишана од мене или оставена меѓу моите напишани работи при мојата смрт, но при тоа изјавувам дека ниедна, било која, таква белешка да не биде сметана како дел од мојот Тестамент ниту таквите изрази на моите желби да создадат било каква законска обврска или доверба.
ПРЕД СВЕДОЦИТЕ Јас го ставам својот потпис на ова денес деветнаесетти јуни илјада деветстотини четириесет и седма.
Потпишано од завештателот а во заедничко присуство на нас кои сме во негово присуство и во присуство на секој пред секого како сведоци овде ги ставивме своите имиња – (Напомена – оваа копија не е потпишана.)
ПОГРЕБ
1. Без верска свеченост.
Ќе ми биде драго ако Capt. Gerald York од 5. Montaque Sqaure, W.1., или Д-р Louis Wilkinson ја прочитаат во некој погоден момент прво Химната на Пан, второ Книгата на Законот, трето Молитви од Гностичката Миса (стр. 353 и 354). И на крај Химната (Anthem) од долниот дел на страницата 357 до врвот на стр. 359
2. Должности на Извршителите
L. Да се платат кои било локални долгови од готовината најдена во моја сопственост, или од парите што ќе се слеваат во Редот.
B. Да се води сметка за благосостојбата на О.Т.О.
Y. Додека се живи да им се обезбеди благосостојба Aleister Ataturk, природниот син на моето тело и на неговата мајка Patricia Deidre MacAlpine под чие старателство сега се наоѓа во Weal, Betsy Newlyn, Cornwall.