Извадок од „Konx Om Pax“ од A. Kроули
Свети Павле проговори од ридот на Марс
кон празноглавите Атињани;
Попрво би им зборувал на ѕвездите
отколку на празноглави Атињани.
Лесно е да се објави култ, да се извика
нов крстоносен поход со “Deus Vult”
Но нема да добиете добар одзив
од празноглавите Атињани.
Луѓето од Лондон се многу слични
на овие празноглави Атињани.
Лесно би ги натерал да треперат,
тие празноглави Атињани.
Грст Библија, канта со бензин,
јас или кое било друго магаре,
Би ги спровел низ нашата мистична ноќна миса
тие празноглави Атињани.
Најпосле и немам многу полза
од празноглави Атињани.
Птиците кои ги заробив ќе бидат слободни;
тие се празноглави Атињани.
Мислев да направам некакво добро,
но шансите се десет спрема еден ако можев
Се сомневам дека би спасил, кога би можел
толку празноглави Атињани.
Па (со малку к’смет) им велам збогум
на празноглавите Атињани.
Што е до мене, нека одат по ѓаволите,
тие празноглави Атињани.
Ги мразам вашите идиотски притресувања,
Вие мајмуни што се потсмевате зад решетки
Повеќе сум дома со ветрот и ѕвездите
отколку меѓу празноглавите Атињани.