Парсифал

Парсифал

РАЗОТКРИВАЊЕ НА ТАЈНАТА НА ГРАЛОТ

Теодор Ројс

I ВОВЕД

Борба на Духовите

Иако веќе изминаа 32 г. откако беше забележана свечената претстава Парсифал на Рихард Вагнер на сцената од театарот Бајрот, се покажува дека сега за првпат, при отворен пристап до ова големо дело, Германците почнуваат да покажуваат општ интерес за Парсифал. Истовремено со будењето на интересот за Парсифал кај широките германски маси, се појави наплив од новинарски написи за Парсифал, од кои повеќето немаат ниту трага на навестување за многу длабокото мистично значење на заплетот и заради тоа симболизмот на претставата е изгубен. Армијата од Парсифалови критичари и коментатори кои немаат ниту трага на навестување за длабокото мистично значење на тајната на гралот, не се дури ни најлошите непријатели на Вагнер и на идејата за Парсифал. Најлоши се, а под најлоши подразбирам опасни непријатели на Вагнер, оние луѓе, колумнисти, критичари, интерпретатори кои немаат поим за длабокото мистично значење на Парсифал и за идејата на Гралот и кои одат спротивно од препознаеното значење или намерно го изменуваат вистинското и единствено длабоко значење на идејата за Парсифал во негова сушта спротивност.

Најлоши од оваа категорија се сексуалните аскети, зашто тие го разбираат Симболизмот на Парсифал многу добро, но му придаваат сосема спротивно значење. Тоа се оние кои врз база на заплетот од претставата Парсифал и со лажното разбирање на неговата основна мистерија, нашироко прокламираат сексуална апстиненција на Германскиот народ, како да се работи за евангелие на одрекување и на тој начин тие свесно ги поставуваат темелите за опаѓање на мажествениот Германски народ. Ако се уште не успеале време е да им се оттргне ќилимот под нозете на овие лажни пророци.

Треба ли Бог да се обвини што во денешно време сеопштиот заразен копнеж по задоволство и општото бегство од одговорноста на мнозинството Германци доведува до избегнување на раѓање на деца, па така нашиот Германски народ има потреба да ја прошири популацијата. Исто така е проблем што сексуалните аскети во одбрана на апстиненцијата од чинот на возобновување на родот, конечно ќе стигнат до германската младина, а тогаш намалувањето на наталитетот во Германскиот Рајх ќе доведе до тешки последици, односно до директно намалување на Германскиот Народ. (Смрт на Државата!)

Еден од овие опасни сексуални аскети очигледно е Професорот Р. Гур, генијален креатор на монументалниот дизајн за статуата на Вагнер во Дрезден, каде што го прикажува Вагнер, не како композитор, туку како мисионер на новиот Христијанизам, или како што го нарекува проф. Гур, поетот-композитор во малиот промотивен спис: Гласник на евангелието (Чувар на Светиот Оган). Професор Гур издаде мала книшка приватно во декември 1913: “Мистеријата на Гралот и езотеричниот клуч за Парсифал”, во која тој изјавува: “Главниот дел на заплетот лежи во повторното здобивање на светото копје, кое на почетокот од драмата веќе е прикажано како најголемо херојско дело. Бидејќи тоа се случило преку акт на одрекнување, во него ние препознаваме симбол на сексуален аскетизам, најголемата страст на оној што го бара Бога во секое време.

Го гледаме резултатот од оваа апстиненција кај Парсифал во способноста да лечи преку контакт со светото копје на Амфортас, кој пак го изгуби истото во прегратките на Кундри. Употребата на езотеричните клучеви на основните идеи на драмава го изнесува следново, разоткриена мистерија, валидна вистина за сите родени-од-земја: Преку сексуална апстиненција, Личноста која го контролира импулсот може да ја претвори еротската моќ на неговото тело во лековита моќ, која преку примена може да донесе здравје, на оној кој не ја поседува моќта на аскетизмот.

Тоа и само тоа значи победа на светото копје, зашто тука може да се види самата суштина на мистеријата на Гралот, која заради благослов на човештвото станува се појасна и појасна.”

Професорот Гур е студент на особено надарената мистична Г-ѓа Valerie Gyigyi од Берлин, чиј Мајстор претходно беше Fra. Merlin. Значи, Проф. Гур всушност зборува на оние кои знаат и на иницијантите.

Баш затоа што му зборува на иницијантите и на оние кои знаат, мораме да му се спротивставиме нему и на неговата пропаганда за сексуален аскетизам, да укажеме дека се несвети и колку што е можно да се ограничи и контролира она што тој го поттикнува како познавач кој го насочува своето знаење во погрешна насока.

Како иницијант проф. Гур ги прокламира преку разоткривање клучевите од тајните учења на сексуалната магија и ги нарекува валидна вистина за сите родени-од-земјата, при што изјавува: Преку сексуална апстиненција човекот што го контролира нагонот може да ја трансформира еротската моќ на неговото тело во лековита моќ, која преку примена може да му донесе здравје на оној кој не ја поседува моќта на аскетизмот.

Проф. Гур заскита на погрешен пат со тоа што профанизира тајна Вистина која има вредност за избраните свештеници на Храмот, зашто тој се обиде да го примени ова однесување на луѓето и младите од обичната популација. Откако проф. Гур поверува дека треба да ја разоткрие мистеријата на Гралот која за него значи сексуален аскетизам (погубна за положбата на Германскиот Народ), ние не сакаме повеќе да се занимаваме со неа, туку ќе ги изнесеме вистинските тајни на Гралот за да придонесат сексуална зрелост и смел развој на германскиот народ.

II ГЛАВЕН ДЕЛ

Авторот на овој весник имаше голема привилегија во неговата младост лично да го запознае бесмртниот поет и композитор Рихард Вагнер, да го посети како гостин во Вилата Ванфрид во многу прилики и да биде присутен на сите проби и изведби на свечената претстава Парсифал во Бајрот во текот на месеците јули и август во 1882 г.

Овие околности, како и привилегијата да бидам вклучен во долгите разговори за Парсифал и за основната мистична идеја со колегите на Вагнер, ми дадоа решение за откривање на клучот кој ми го отвори внатрешното светилиште на мистеријата на Гралот.
Вагнер известува за Лековита Вистина преку подвизите во Парсифал. Уметноста на оваа лековита вистина ќе биде откриена во следниов дел. Проф. Гур сосема точно рече дека Вагнер го истражувал проблемот на решението и се обидел да го изрази поетски во неговите композиции, особено во свечената претстава на Парсифал.

Затоа предизвикува жалење фундаменталната и длабока грешка на сите сексуални аскети што веруваат дека Рихард Вагнер го нашол решението во отфрлање на сексуалниот чин, односно во апстиненција на мажот од сексуален чин со жена и дека тој сакал да го промовира ова гледиште и оваа верзија на решение во неговата драмска композиција, особено во претставата Парсифал. Всушност, случајот е сосема спротивен!

Вагнер не е само најголем херој, туку исто така е најголем професор и пророк на сексуалната религија на иднината, која се базира на неопходно ритуално комплетирање на сексуалниот чин.

Уште во Лоенгрин тој започна да навестува што ќе надоградува во Тристан, а особено после во Прстенот на Нибелунзите – за да на крајот го усоврши сето тоа во Парсифал како: Ново Евангелие на Сексуалната Религија за Спасение!; опширно презентирање на случајот кој најпрвин беше приватен одговор на написот за Парсифал на проф. Гур се разбира дека е невозможно поради ограничените можности на весников, но ние ќе го наведеме како упатување следниов текст од Вагнеровата проза. Во Рајнско злато Фафнер пее: Златни јаболк растат во нејзината (од Фреја) градина . . . и во врска со овие зборови обрнете внимание дека откако Фреја е грабната од џиновите како залог, сите богови се разболеле и свенале, бидејќи како што додава Вагнер подоцна за да дообјасни, тие морале да заминат без златните јаболка од градината на Фреја. Не им треба на вистинските остроумни луѓе многу храброст во размислувањето за да ја сфатат сржта на овие тактички навестувања – што подразбира Вагнер под златните јаболка од градината на Фреја.

Ќе го прикажеме решението со објаснување на ручекот на Гралот. Овој божествен обед кој во подоцнежните години се појавува под други симболи – дури и како ручек на Гралот, Вагнер посака да им го предаде на оние кои доаѓаат по него.

И понатаму: Nothung, Nothung, завидлив меч – мечот Nothung не е ништо друго туку она непрекинливо наследство кое Зигфрид, како единствен син на татка си, го здобива во зенитот на својата младост. Што друго ако не првобитен-меч (Фалус!) Првобитниот татко го забил овој исконски-меч во трупецот на првобитното дрво и оној што ќе го извади овој меч ќе освои жена – како невеста и како сестра!

Ова не се симболи на сексуална апстиненција! – (Сексуални аскети!) Штом започнавме со горното, ќе продолжиме со објаснување на тајната доктрина која е скриена во Парсифал.

Парсифал како девица, наивно момче го достигнува регионот на Гралот. Таму како прв подвиг убива бел лебед со неговата стрела. Белиот лебед (според Нордиската мистична традиција) е симбол на екстаза, на перманентна спиритуална наслада која престојува и доминира во срцето и душата на Витезот на Гралот како најголем восхит во чија маѓепсаност живеат сите жители на регионот на Гралот. Парсифаловото убиство на лебедот, кој отпливал во потрага по својата партнерка за да го преминат заедно езерото (водата како симбол на женскиот принцип), е дело преку кое тој чудесно се посветува на спасоносно капење со неговата стрела во снежно белите гради. Така црвената крв која ги обојува белите пердуви на мртвиот лебед е симболичен приказ на наивниот и невин Парсифал и на неговиот неприроден (сексуален) чин (стрела) на управување со светата екстаза, кој предизвикува рана и прекршок на територијата на Гралот.

За да се ублажи ова недело Гурнеманц помисли да го води Парсифал до Гралот. Исто така Гурнеманц се надеваше дека Парсифал може да биде будалата кој е наречен спасител од страна на болниот Амфортас. Кога донесува одлука да го води Парсифал до замокот на Гралот, Гурнеманц се уште не е апсолутно сигурен дека Парсифал е чист и будала, зашто по извесно време откако тргнуваат заедно тој пее: Сега обрни внимание и дозволи ми да видам дали си будала и дали си чист. . . ! Тестот кој покажува дали Парсифал е чиста будала му се појавува на Парсифал во Храмот на Гралот! Тој дел овде не може понатаму да се разработи.

Сепак, мораме да упатиме на претходниот дел кој има пошироко значење за нашето презентирање на доказот. Гурнеманц вели: Сега дозволи ми да те одведам на посветениот обед, потоа – ако си чист ќе јадеш и пиеш од гралот!

Но, сега гледаме од заплетот во Храмот на Гралот (прославата на Гралот – Евхаристија) дека Парсифал не јаде и не пие од него! Следи дека Парсифал не е сосема чист! Покрај сета замореност Гурнеманц сепак му вели на Парсифал при крајот на прославата на Гралот; Ти се уште си само будала! Така: не чист – туку само будалест и последниот збор на Гурнеманц на Парсифал при крајот на првиот чин е: Во иднина остави ги лебедите намира (не ја вознемирувај повторно екстазата на жителите од регионот на Гралот), туку ти Гусаку барај си гуска!

Овие многу забавни зборови значат: Не барај во иднина повеќе екстаза предизвикана од неприродни (сексуални) чинови, туку барај жена од твој тип и сој и имај природни сексуални чинови со неа!! На овој начин овие многу интересни зборови имаат мистична смисла! Без нашето знаење тие остануваат неразбирливи и бесмислени како да се на прим. зборови од Гурнеманц, дека лебедот го преминал езерото со неговата партнерка посветувајќи го езерото за свето капење! Пред да продолжиме со објаснување на тајното и скриено значење на вториот чин, мораме да ја корегираме надалеку проширената грешка во концепцијата и значењето на раната на Амфортас.

Раните на Амфортас не симболизираат божествена казна за практикување на сексуален чин (изведен од Амфортас); тој поглед нормално особено енергично го застапуваат сексуалните аскети. Туку раната е казна за Амфортас кој го изведува сексуалниот чин на суетен начин – со жена само заради задоволство – надвор од границите на ритуалот на Гралот и според тоа е несвет. Според сексуалните аскети после овој пад од милоста, Амфортас повеќе не е воопшто достоен за службата како Крал на Гралот и е неспособен за да го разоткрие Гралот! Меѓутоа, гледаме во првиот чин дека наспроти неговата рана, Амфортас се уште е прилично способен да го разоткрие Гралот, а и Витезите можат да јадат и пијат. Разликата за Амфортас во практикувањето на неговата служба, помеѓу времето кога се уште не е закрепнат и времето по правењето на прекршокот, се состои во тоа што после падот од милоста Службата на разоткривање на Гралот му причинила големо страдање, мачење и болка.

Значи Гралот бил делотворен за храната и пиењето и покрај тоа што грешниот, недостоен и ранет Амфортас го разоткрил. Само што Амфортас со останувањето во Службата страдал (само тој) со самото практикување на истата! Зошто страдал?

Амфортас по падот, длабоко депримиран и чувствувајќи се недостоен за да го изведува ритуално актот во Храмот, се предал на самоизмачување (Мастурбација!!) неприродната замена на сите сексуални аскети. Поради тоа Службата предизвикала силна агонија на душата и телесно страдање. За целосно разбирање на оваа длабока, возвишена, мистериозна, христијанско мистична вистина, човек треба да знае како правилно да ги толкува зборовите од Библијата, особено од евангелистот Св. Јован и другите места. Мора да се познаваат тајните учења на Израелитите кои се изнесени во Зохар и мора човек правилно да ја сфати Багавад Гита, а како прилог во изнесувањето на нашиот доказ мора посебно да се каже дека на Вагнер му беа предадени тајните од Багавад Гита уште во времето кога беше инволвиран со Везендок и со Ниче (1852-1857).

Следниве пасуси треба да се разгледаат:
Евангелие по Јован: IV, 13; VI, 27; VII, 51-58; VIII, 38; III, 14-15. Постанок 2; 3; 15, 13; 16, 2; 17, 10-14; 19; 24; 28, 18-22; 30, 2-22; 31, 30-35; 35, 1-15; 38, 13-26. Павле, Лука, Откровение на Јован итн., Багавад Гита II 17, 18; VI, 27, 28, 29; В, 5; VI, 10; VII, 8; X, 39; VIII, 10; IX, 18; IV, 27, 31; В, 7, 10; XVIII, 63.

Подоцна накратко повторно ќе укажам на Лековитиот ефект од светата машка сила на Гралот.

Сега ќе продолжиме со значењето на вториот чин. Маѓепсникот Клингзор (црниот магичар кој е спротивставен на Кралот од Гралот т.е. белиот магичар) е првата личност која ни се појавува во вториот чин. За него Гурнеманц во првиот чин вели: (Клингзор) импотентниот, кој не може да ги поништи гревовите, кој ја става својата злобна (богохулна) рака врз себе, сега се посветува на Гралот – презир спрема оној заштитник на Гралот кој се побунил против самиот Грал.

Во овие зборови лежи Вагнеровото најостро и најотворено згрозување од сите можни обиди на фанатичните сексуални аскети да го присвојат неговиот Парсифал за специјалните цели на сексуалниот аскетизам.

Клингзор се кастрирал себе си со цел да стане совршен сексуален аскет, зашто според неговата лажна интерпретација на грациозната концепција од мистериите на Гралот (и преку приказ на лажното мислење од Клингзор, Вагнер сакал да му се спротивстави и да покаже
дека е апсурдно гледиштето на сексуалниот аскетизам), само оној кој воопшто не го завршил сексуалниот чин или пак оној што може да го направи според лажното Клингзорово сфаќање – е достоен, способен и повикан да го заштитува Гралот.

Вагнер посебно го акцентира ова лажно гледиште на сите сексуални аскети, го означи како фундаментална грешка и во Парсифал ги употреби најострите зборови: Гралот го презира оној негов заштитник кој се побунил против него.

Не само што е недостоен и неспособен ваквиот сексуален аскет да го заштити Гралот, туку и самиот Грал со презир го отфрла сексуалниот аскет! А, зошто? Ова може да се открие преку студирање на претходно наведените пасуси од стариот и новиот завет (Библијата), од Багавад Гита и од објаснувањето на Chevalier Le Clemend de Saint Marcq кој пишуваше за Природата на Евхаристијата, исто така и во коментарот од Вајт за тајните учења на Израел.

Основа за ова тврдење не наоѓаме само низ целиот нов завет. Јасното објаснување за релевантните симболични пасуси од стариот завет може да се најде и во Зохар. Конечно, решението се наоѓа во тајните учења на Темпларите и Гностиците. Проф. Гур правилно забележува: “Главниот дел на заплетот лежи во освојувањето на светото копје, кое веќе е прикажано како најголемо херојско дело во почетокот на Драмата”. Сепак, проф. Гур од овие зборови извлекува целосно погрешен заклучок: “бидејќи се случи преку акт на одрекување, ние мораме да препознаеме во тоа дело симбол на сексуален аскетизам”.

Вагнер го предвиде ваквото ужасно лажно и погрешно сфаќање и против него ги употреби горните цитирани зборови “Гралот има презир спрема оној негов заштитник кој се побунил против него”. Навистина при повторното здобивање со светото копје има акт на откажување, но не како траен и севкупен симбол на сексуален аскетизам! Симболичното освојување на светото копје во вториот чин на Парсифал, главно го има следново значење.

Копјето, како што е познато (ова е потврдено и од страна на проф. Гур), е симбол на фалус. Исто како што човек ја користи сликата на Љубовта во форма на исфрлена стрела помеѓу двајца љубовници за да означи барање и љубовна стимулација за нивно сексуално соединување, така и фрлањето на копјето врз Парсифал значи дека Клингзор сака да го присили да изведе ласцивен акт, при што дури и повторениот само-ласцивен акт ќе значи пад од милоста.

Сеќавајќи се на болката и страдањето од Амфортас, која му беше наметната при неговото налудничаво жалење заради само-ласцивниот акт, Парсифал останува цврст и го одбива присилувањето (заведувањето од Кундри) предизвикано од фрлањето на копјето од Клингзор! Парсифал во моментот, благодарение на остроумноста, илуминацијата и внатрешната свесност, го препознава спасоносниот повик од копјето во Храмот на Гралот за да служи како лечител и така тој го зграпчува копјето – и со копје в рака се предава на патот од Гралот.

Сега започнува вистинскиот аџилак: Парсифал со копјето в рака!
Овде започнува симболот на откажувањето!
Откажувањето лежи, симболично изразено во зборовите – со копје в рака! Откажување во вистинска смисла на зборот е кога човек не го прави она што го препознал само како страстен чин со желба за негово изведување.

Престојувањето на Парсифал со копје в рака кореспондира на 40-те дена кои Христос ги поминал во пустелија. Тоа кореспондира со искушенијата и страдањата низ кои морале да поминат сите кандидати од старите религии и од сите тајни друштва, пред да станат иницијанти. Овој престој исто кореспондира на 40-те дена пост и апстиненција, кој дури и денес иницијантите од мистичните друштва им го наметнуваат на кандидатите како тест пред да започнат да ги студираат мистичните тајни и спасоносни учења. Вагнер го покажува откажувањето (зауздувањето на нагонот) преку приказот на Парсифал, во третиот чин по завршувањето на престојот (аџилакот), со темен црн штит и со зариено копје во територијата на Гралот. Парсифал се откажа од сите страсти и задоволства во текот на 40-те дена, преку кои престојот беше симболично прикажан. Но, исто и Кундри поминува 40 дена како што е покажано во текот на третиот чин, при што речиси гладуваше во покајничка кафеава одежда покрај грмушка (симбол на животот) на границата од територијата на Гралот. Штом Парсифал дозна од Гурнеманц дека се наоѓа на територијата од Гралот, тој го забоди копјето, го постави црниот штит пред него и започна да се моли, исполнет со екстаза со цврст, фиксиран поглед на копјето! Ова е многу длабок симбол!

Единствените зборови на Кундри (и последните што ги проговори во целата драма), откако беше повикана во животот после долг период на жалење, се – да служам, да служам! Во овие зборови да служам, да служам! е изразена и содржана целокупната Вагнерова (и наша) филозофија во однос на целта на жената во нашиот космос. Жената постои за да служи решително на силната светска цел (зачувување на светот) при што го прима семето од првобитното копје и така ја зачувува структурата на светот. Тоа е првобитната и вечната цел на жената. Само на оваа цел сега Кундри ќе и служи. За да прикаже симболично дека Кундри ја прекинала старата практика на ласцивно наведување и задоволување (злоупотреба на сексуалното соединување) Вагнер ја прикажува нејзината смрт пред олтарот на Гралот; пред нозете на Витезот на Гралот при крајот на приказната. Се разбира, тоа е само симболично.

Всушност, отсега па натаму Кундри му служи на Витезот на Гралот во ритуално и спасоносно соединување и таа ќе стане мајка на Витезот на Гралот Лоенгрин! Сексуалните аскети се обидуваат со непоколеблива одлучност и упорност да се надминат себе си во игнорирањето на фактичката вистина дека Парсифал, Витезот на Гралот зачнува син – (овде се разбира говориме за Вагнеровиот мисловен процес кој е содржан во основата на неговите драми) Лоенгрин и Парсифал – и овој син може да биде зачнат од Парсифал преку сексуален чин со жена. Актот на зачнување најверојатно се случил по завршетокот на третиот чин на претставата Парсифал. Во територијата на Гралот може да присуствува само оној тип на жени кои служат. Така посветената Кундри која изминала 40 дена, а тоа е точно поврзан симбол со жена која служи, е онаа која му родила син на Витезот на Гралот.

Сега останува да се покаже зошто е присутна најчудесна милост при зачнувањето во најголемиот свет пламен на љубовниот обед во светиот сад по кого копнееле Витезите – она што всушност е Гралот!

Парсифал во првиот чин не прашува: Што е Гралот? Тој прашува; Кој е Гралот? – зошто Вагнер не направил Парсифал да праша: Што е Гралот? – Овде лежи длабока мистерија! Така Парсифал прашува (а тоа е и основната намисла на авторот): Кој е Гралот? – Гурнеманц многу разоткрива со својот одговор: Тоа човек не го кажува! Зошто на човек не му е дозволено да каже! На Гурнеманц би му било прилично лесно да му каже на Парсифал што е Гралот! Лоенгрин исто има начин за да го опише Гралот особено пред насобраните воинствени луѓе од Кралот Хајнрих.

Ако Вагнер планираше овде да не ја изрази специјално чуваната тајна и длабокото мистично објаснување за вистинската природа на Гралот, тој ќе направеше Гурнеманц да му даде слично објаснување на Парсифал како што му даде Лоенгрин на кралот Хајнрих.
Но, на крајот од неговиот живот, без никакви материјални причини, Вагнер сакаше во неговата омилена композиција, врз која размислуваше уште на млади години (1853-1857) – за вистинската природа на концептот на Гралот да го воздигне тој голем огнен знак за да ги охрабри и зајакне сите иницијанти. Вагнер ја прикажа најотворено во завршните зборови на Парсифал во третиот чин кога Парсифал со најголем восхит и ентузијазам, со вкочанет поглед на издигнатото копје, пее:

Ох, ова чудо е најголема среќа!
Што може раните да ги заздрави
Ја гледам светата крв како истекува
Копнеејќи по сроден извор
Таму се влива налик на бран во Гралот!

Значењето на овие зборови – за кое човек не говори! – може да биде само спознаено и сфатено – но – не изговорено! Во овие зборови се наоѓа скриен највозвишениот, најславниот и најсветлиот симбол на сексуалната магија за иницијантите. Познат факт е дека Вагнер беше запознат со Багавад Гита и другите тајни учења. Вагнер исто така започна да размислува за нова манифестација на Христијанството во последните години од неговиот живот. Како и да е, ова Христијанство беше тотално различно од она Христијанство кое човек вообичаено го подразбира под зборот.

Предупредување до сите Ограничени, ништожни или малициозни, големи и ситни души!
Исто како што целиот заплет од свечената претстава на Рихард Вагнер е само алегорија, симболичен приказ неповрзан со реално случување во материјалниот свет, така и горново објаснување за тајната на Гралот не треба да се сфати буквално, лично, материјално, земски и во вулгарна смисла. Тоа треба да се сфати потполно нелично, симболично и во чисто духовна смисла.
Авторот.

III ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА

Општ план за новиот Храм на О.Т.О.
Сега ја разоткривме тајната на Гралот и со ова откритие заради итна нужност покажавме дека Вагнер беше преокупиран со ново издигнување на Христијанство во кое пророчки го согледа, како што цитираше проф. Гур во Вагнеровото Херојство и Христијанство, спасението во физичката регенерација, во реорганизацијата и повисокиот развој на индивидуата, а тоа е она што човештвото ќе го согледа како идно спасение.
Исто така, наша должност е да ја прикажеме практичната употреба од откриената вистина или вистини. Каква е уметноста на Спасението по која Вагнер копнееше во неговите списи?

Новото Христијанство исполнето со нов живот не е можно да биде Христијанство на општ аскетизам (откажување или апстиненција од сексуалниот чин); тоа може само – и мора да биде, сосема логично, Христијанство кое им носи на луѓето Спасение од гревот и слобода од првобитниот грев!

Самиот проф. Гур вели: “Вагнер овозможи ниедна догма да не биде тешка, со неговата лебедова песна ги воспостави светите мистерии: конечните тајни на човештвото и нивното решение, а тоа е деификација на процесот (сексуалната сила). Незагадени од свештенички догми или скептицизам, тие ја објаснуваат загатката на Христијанството со јасна формула, а тоа ќе биде темелот на идната црква. Свештениците во црквата ќе бидат способни да го пренесат, по примерот на Парсифал, активниот дух на Господ, припитомениот Дајмон како
спасоносна струја во нивното опкружување”.

Овие процеси ние безрезервно ги поддржуваме.

Меѓутоа, ние ја ограничуваме нивната ефективност на мал круг од свештеници доктори од новиот Храм на О.Т.О. за кој ќе говориме подоцна.

Тоа не постулира само ново Христијанство, туку и нова цивилизација.

Нашето сегашно Христијанство потекнува од Христијанството на црковните оци, а тоа е мешавина од учењата на Павле со предхристијанските (т.н. пагански) учења и принципи кои ја прават денешната шминка на владеачкото Христијанство. Овие учења од ова вештачки креирано Христијанство се прифаќаат како стварна вистина или вистини врз кои е базирана нашата цивилизација (и морал).

Едно од фундаменталните учења, човек би можел да рече, најфундаментално учење кое имаше решавачка улога во формирањето на денешното Христијанство е доктрината за падот од милоста. Од овој пад од милоста беше воспоставено Христијанското гледиште за концептот на срамот.

Христијанската црква под срамот ги подразбира, (исто како дел од срамот) во тесна и ограничена смисла, гениталните органи на луѓето и врз нивната доктрина се донесоа цивилни закони! Христијанинот е подучуван уште од младоста да се срами од тие делови! Природната употреба на тие делови, дури и разгледувањето на човековите сопствени срамни делови е грев во извесна мера како главна одлика на христијанската црква и законите на христијанските земји. Христијанската жена која ги користи сексуалните органи без согласност од црквата или државата ќе биде означена како грешна жена. Порано тоа било сосема сигурно, а денес во поограничени околности, во одредена мера, грешната жена ќе биде екскомуницирана од заедницата на праведните и ќе биде обележана како отпадничка, презрена грешница.

Накратко: се што е сексуално било срам и грев и се уште е според службениците во црковна и во законска смисла!

Во предхристијанскиот период тоа не беше така. Израелитите имаа свои тајни учења во кои гениталиите се сметаа како земски симболи на божественоста од човекот. Во источните религиозни системи исто така гениталиите и до ден денес се величаат со побожно почитување како симболи на божественост!

Не сакаме повеќе да забавуваме со критицизам на лажниот поглед од Христијанството кое ја смета сексуалноста како морално зло, бидејќи нашата цел не е да анализираме или да уништиме, туку да бидеме конструктивни. Повеќето критичари само ја критикуваа, поткопуваа и распнуваа Христијанската црква без да бидат конструктивни. Сепак, ние сакаме да ѕидаме, да градиме одново!

Во посебен дел од текстов презентиравме мал избор на цитати од библијата и од други свети списи од различни религиозни системи кои докажуваат дека сите религии, заедно со Христијанството, имаат сексуална основа. Затоа сакаме да покажеме дека немаме намера да основаме нова религија, туку дека сакаме да го расчистиме ѓубрето кое псевдо- христијанството го натрупа врз древните светски религии, за да може древната вистинска религија повторно да го заземе своето вистинско и законско место. Христијанската религија се до ден денес ја прикрива својата сексуална основа во култот на Марија, непозната1 за обичните луѓе и понизното свештенство. (Види Лингам-Јони или Култот на Марија итн., Schoenheit Publishing, Берлин 1906 /Минхен 1983/).

Во нашата следна екстраполирана селекција од извадоци на Христијански, Јудејски и Индиски свети списи ќе го претпочитаме доказот, за да увидиме дека човечките органи (гениталии) за размножување насекаде во сите религии биле величани како божествен атрибут, како земски органи во кои престојува божественото на човекот, разбирливи знаци за невидлива божествена моќ.

Најлошо за моралната Христијанска легислатива, во однос на сексуалните гревови, е дека ниеден жив човек – или подобро и попрецизно речено – во практичниот живот мнозинството од популацијата воопшто не ги следи моралните закони на црквата и на државата. Секоја кула или црква е симбол на машки орган; секој главен или страничен брод на црква е симбол на женски орган. Во личниот живот секој човек, во однос на сексуалниот импулс или половиот живот, делува сосема спротивно од јавните забрани на црквата и државата. Оваа ситуација на масовна хипокризија води до плодоносна морална катастрофа.

Некој сега ќе не предизвика: А што вие сакате тогаш да воведете како Моралност? Ние сакаме повторно денес да го презентираме во неговата оригинална чистота и моралност она што беше означено како неморално и грешно; сакаме да го издигнеме тоа до извесна светост.

Врз основа на овој востановен древен поглед, дека половите органи се свети, достојни за величање, сакаме да го изградиме новото, вооружени со изреката на Ману: Само оној што ги разбрал возвишените учења за светоста на божествените органи е вистински слободен и спасен од сите гревови! Слободата од првобитниот грев е вистинска слобода! Сакаме да воспоставиме општество на (сексуално) слободни луѓе, кои се без (сексуални) гревови. Сакаме да создадеме луѓе кои не се срамат од својата сопствена сексуалност!

Во рамките на сегашната цивилизација со која владее Христијанството овој обид е обременет со многу тешкотии, но почетокот е на дофат и успеа во мали кругови. Во пошироки рамки овој обид може да успее само ако децата од најрана возраст се развиваат врз основите на новата моралност. Децата мора уште од раѓање да гледаат на половите органи како на свето нешто. Функцијата на половите органи мора да им биде објавена на момчињата и девојчињата како света работа штом мајката ќе забележи будење на сексуалната сила. Овие учења мора да бидат предадени од родителите без присила уште од најрана возраст и на сексуално зрелата младина во школите од страна на докторите и сестрите, наместо досегашните религиозни учители кои во денешно време предаваат религиозни учења по школите. Врз основа на учењата од докторите на љубовта (свештени лекари), душевните доктори (спиритуални свештеници) потоа ќе поучуваат за учењето за смртта. Во сегашноста ситуацијата е сосема спротивна!

Учењата за животот им се трубат на децата од најрана возраст, а потоа се преминува на религиозни прикаски кои потполно пропаѓаат кога децата ќе пораснат, зашто ќе увидат дека учењата не се совпаѓаат со самите факти. Од ова препознавање се појавува борба на душевна возбуда која им причинува на таквите луѓе голема несреќа и деструкција во животот.

Послабите духови пак започнуваат да водат живот полн со хипокризија и лаги. Свештеникот на уметноста и родителите под негово водство мораат да ја поучуваат идејата дека половите органи се “свети”; дека тие органи мораат посебно да се чуваат заради должноста што ќе ја изведуваат во иднина. Бидејќи тие мораат да го разоткријат невидениот Бог на луѓето, во смисла дека овој акт е земско повторување на божествениот акт на создавање кој Бог ни го разоткрива во нас. Праксата на овој акт не соединува со Бога секогаш одново и со негова волја и команда “по негова слика” ние продуктивно креираме и создаваме. Така оние млади луѓе кои ќе се развијат врз овие основи ќе бидат заштитени и зајакнати против секаква злоупотреба на половите органи и тие започнуваат од најрана младост да го разбираат “Господ” и да веруваат во тој бог зашто гледаат поврзаност во актот на зачнувањето, кој длабоко го поврзува човекот со бога, со божественоста. Доколку момчето е зрело тогаш тоа ќе го изведе својот пр coitus под водство и инструкција од “Матрона” (Првосвештеничка) на ритуален начин и во форма на “Сакраментален акт”.

На ист начин девицата ќе биде воведена кај Матроната во мистериите на сексуалниот акт во Храмот. Се додека девицата и момчето живеат надвор од законски пропишаните услови на бракот, тие се обврзани да бараат задоволување на желбите во Храмот. Влегувањето во брак е света работа – но брачната двојка не е обврзана да биде заедно цел живот. Двојката може да отстапи од своите завети без да има штетни последици по нивниот социјален статус. Во таков случај децата ќе бидат одгледани од државата.

Трошоците ќе бидат покриени делумно од извесни придонеси кои разведениот пар ќе мора да ги плати и делумно преку општ детски данок како на пример што ќе биде воведен придонес за школство за сите граѓани. Исто така и од посебни казни и даноци на луѓето кои не можат да бидат во брак поради која било причина.
Младите мажи и жени кои, поради некоја причина не можат да се посветат на планирањето на расата не ќе можат да влезат во брак признаен од државата. Државата Висконсин во Америка изгласа закон во 1914 г. кој ја издигна оваа фундаментална вистина до државен закон. Ние не можеме да се наречеме потполни следбеници на помалите правила од овој државен закон на Висконсин, но основните принципи кои му даваат насока на овој закон сосема прецизно се совпаѓаат со нашите ставови. Според новиот закон на државата Висконсин сите млади луѓе кои сакаат да стапат во брак мораат прво да бидат испитани од официјални државни лекари во поглед на нивното здравје и погодност за претходно планирање на расата.

Ова е наш принцип. Пред 20 г. докторот Urban-Grulich го создаде следниов програм за едукација на заедницата од “сексуално слободни” Христијани. Тој поучува:

1) Оној што е убеден во постоењето на душата во нас, која ни овозможува да станеме слични на Бога;
2) Оној што е убеден дека себичната љубов е причина за сите наши страдања, додека во спротивно, заемната, несебична, пожртвувана љубов – за другите е причина за вистински внатрешен благослов.
3) Вистинското небо е состојба на радосната внатрешна душа која може да се комплетира само во општество ослободено од себичност, вистинската љубов е ненадминлива есенција помеѓу луѓето – дури и оваа земја може да биде претворена во такво небо и ќе биде исто како што се молиме, “Нека дојде твоето Кралство и нека биде твојата Волја како на небото така и на земјата.”
4) Оној кој препознава дека по телесната смрт душата според “законот на симпатија” ќе биде однесена во друштво кое е слично по мислењето и однесувањето и каде се пренесуваат долговите и казните. Така оној што сака да се здружи и да биде со заемната, несебичната и неегоистичната есенција, мора да ја развие оваа уметност исто и овде на земјата;
5) Оној што сфаќа дека по напуштањето на телото, душата ги наследува истите услови во духовната состојба како на земјата. Ако не научиме ништо паѓаме во нашиот круг, затоа мораме да постигнеме и да победиме се.
6) Оној што сфаќа дека животот на земјата е период на тестирање, време на учење, транзиционен период во кој го спознаваме негативниот резултат од себичната љубов во безбројни примери и добиваме можност, ако ги отвориме нашите очи и нашето срце, да бидеме насочени кон заемната, несебична, вистинска љубов – патот до Бога.
7) Оној кој сфаќа дека сме луѓе на изгубениот син кој слободно ја напушти татковата куќа на вистинска љубов и замина во светот на себичноста. Тој сега го загуби своето божествено благородништво за да страда со најдлабока тага во себичноста – имајќи само една работа што може да го спаси; да се врати назад во боженствениот ред на взаемна и вистинска љубов;
8) Оној што е убеден дека сам човек не може да направи небо, зашто соединувањето ја прави силата; поделената радост станува двојна радост, поделената тага се претвора во половична тага.
9) Оној што препознава дека пред Бога сите сме исти, секој човек носи божествен дух во себе, секој човек носи главно неспознаен свој бог во себе за да го пробуди и со употреба и обучување на оваа заспана божја сила во нас се увежбува да стане едно со бога, господ, таткото во взаемна и вистинска љубов, овде на земјата.
10) Оној што е убеден дека богатствата кои се трошат самостојно не му користат на човек, бидејќи неговите цели се себично угодување – како што рече Исус: полесно е за камила да помине низ иглени уши отколку богат човек да влезе во царството божјо; Тие се радуваат во вечноста за да влезат во врска со нашето братство, за да изградат во својата околина круг на истомисленици и кога ќе бидат спремни ќе бидат упатени во основите на взаемната, несебична, сесрдна, слободна и вистинска љубов – слободно христијанско здружување кое взаемно ќе се сака и помага во добри лоши времиња и кое ќе се обиде да го изгради кралството божје на земјата.
18) Ние неуморно се придржуваме на овој повик и го правиме камен темелник на новата заедница на регенерирани Христијани. Принципите на овој повик имаат потекло од скриените тајни на Гралот.
Немаме што да додадеме повеќе.
Секој што сака да дознае и научи “повеќе” може да контактира со Soror Vannah, 54 Shaftesbury Avenue во Лондон, W приложувајќи адреса и плико за повратен одговор.

IV
ОДБРАНА И ПОДДРШКА

Ману рече: Господ е тајна, исто така и клуч. Оној што го познава клучот и неговата употреба е ослободен од сите гревови. Господ ќе го ослободи од сето ропство на (гревот). Големата тајна на Махадева (Господ Бог, креаторот на создаденото) не е за широките маси.

Човек не може да му објасни или одговори на оној што напразно прашува. Мудриот човек иако го знае одговорот ќе се направи како да е будала. Wadell во неговата книга за Тантра напиша: Тантрата (сексуалната религија) е базирана на активниот принцип на оплодување кое се манифестира со женската енергија (Шакти) и машката енергија (Шива). Лингамот (фалусот) е најсветата форма во која и преку која големиот Господ Бог (Махадева) мора да се обожува. Св. Августин рече дека она што сега (340 год. н.е) се нарекува Христијанска религија sвеќе постоело кај древните народи пред појавата на Христос.

Clifford Howard во својот есеј говори: Основата на сите религии – присилниот и животворен импулс на целиот органски живот е сексуалниот инстинкт. Само во овој инстинкт (сврзан со чувството за глад) е изворот на сите лични стремежи и сериозни активности кои се во основата на човечката (и анималната) борба за опстанок. Во нашиве времиња кога се смета за неморално говорењето за постоењето на полови органи или пишувањето за нив, настапува молк за сексуалниот апетит и сексуалната врска меѓу луѓето. Иноваторите кои набљудуваат можат само да се чудат како мнозинстовото луѓе не ја знаат или ја заборавиле или пак очигледно го игнорираат фактот дека сексуалната врска меѓу мажот и жената е камен темелник на нашиот космички поредок и воопшто на целиот свет. Од оваа врска не само што произлегува личниот живот, туку и сета лична среќа. Ако некогаш Теоријата за Апстиненција освои апсолутна победа во светот, смртната пресуда ќе биде изречена за иднината на светот.

Библијата вели: Omnia vincit amor3 – и љубовта, манифестацијата на сексуалниот инстинкт е вистинскиот заштитник на светот – Бог е љубов! – Тоа значи: Бог е постојано плодната креативна сила која ја содржеше сета есенција од првобитниот почеток и се уште ја содржи. Љубовта е Свет Оган кој нема никогаш да изгасне, па макар и да се поништи целокупната креација! Највозвишената дефиниција за идејата која лежи во основата на концептот за Љубовта наоѓа израз и кулминација во догмата за безгрешното зачнување на спасителот од Христијаните, Исус Христос. Не е наша намера да пишуваме Теолошка книга, туку физиолошка расправа. Сакаме од безбројната маса на документирани докази да издвоиме неколку како тули за ѕидање на Храмот од религијата на Љубовта.

Од цитатите на различни извадоци ќе се преферира печатен доказ кој ќе покаже дека не само т.н. Хедонистичка религија на Антиката, туку исто и Индиските и Азиатските религии, кои денес се уште имаат неколку стотици милиони следбеници, како и Христијанската црква не можат да го порекнат скриениот Фалусизам.

Од сите природни феномени нема ниеден кој предизвикува толку силна зачуденост, изненаденост и обожување кај луѓето како чудото на зачнување живот од страна на 2 индивидуи – од една на друга генерација – чудото на забременување. Ова чудо постоеше уште од почетокот на светот – од постоењето на луѓето и иако илјадници илјадници години ова чудо изненадува, до ден денес не е најдено решение за загатката на оплодувањето!

Ова чудо, оваа загатка е полна со мистерија, ако го разгледаме продолжувањето на семето на пченката кое, откако е засеано во земјата и ожнеано во зрелоста, носи илјадници нови семиња, зрна – или семето на човекот кое заедно со женската јајце клетка создава нова личност која одново е опремена со милиони нови сперматозоиди и јајце клетки. Суштината е – Longinus вели: Грчките инструктори поучуваа дека екстазата на членовите од Елевзинските мистерии треба да се бара во состојбата во која може да биде примен директен наплив на боженственоста. Во оваа екстатична состојба личната душа поминуваше Низ и надвор од телесните граници и доаѓаше во директна врска и соединување со Господ. Неколку Грчки Мудреци ни го предадоа она што го научиа во оваа состојба на благослов и екстаза, на пример; Увидов дека Љубовта е првата креација на Боговите и дека од ова божествено влијание и импулс потекнува се друго што е настанато.

Proclus вели: Елевзинските мистерии беа чист Култ кон Фалусот. Церемониите беа оние од Тантриците. Членовите во овие мистерии навлегуваа во таква екстаза што слободата од сетилата им доаѓаше како природен нуспроизвод – иако секако тоа не беше самата цел! Проф. M.J. Matter (Париз) вели: Божествената сексуална возбуда која водела кон екстаза била побудувана од жена. Екстазата била специјално создавана преку влијание од девици.

Свештениците во Орфичкиот култ во Тракија употребувале свети девици само во најсветиот од нивните ритуали и церемонии.

Тајните ритуали од Гностиците (Првобитните Христијани) се идентични со Vamachari ритуалите на Тантриците. (Критичка Историја на Гностицизмот, Париз 1828). Проф. Matter вели во “Надворешна Квартална Ревија”: Фалусизмот е база на сета теологија и е во основата на митологиите од сите народи. Тоа е форма на Култот во кој учествувале заедно сите народи.

Објава на Господ кој зачнал се Преку манифестацијата на природата во нејзините најголеми мистерии на “Животот” и “Оплодувањето”.

Фалусот (на Хинду: Лингам) како божествен симбол имал божествена почит илјадници години во Индија. Божествената почит на Фалусот (лингам) датира уназад до маглините на древноста, илјадници години пред делувањето на Христијанската вера како теолошки систем, кој бил изграден врз овој култ. Овој култ на Фалусот е многу величана религиозна работа во Индија и денешните ритуали кои се изведуваат се мошне усовршена церемонија.

Alexander Wilder MD вели: Кога Шпанците ја открија Америка увидоа дека култот кон Фалусот владеел таму. Сличноста на ритуалите и церемониите кои се практикувале таму, откриени од Шпанците, со оние церемонии и ритуали на древниот Египет ги поттикнало другите подоцна да го земат тоа како доказ дека Египет (Африка) и Америка некогаш биле ист континент.

Харгрејв Џенингс во неговото познато и исцрпно дело, Небесно и Земско – Хедонистички и Христијански Фалусизам, негова врска со Розенкројцерите и Гностиците – дава непобитен доказ дека основата на сите религии е идејата за Фалусот. Фалусизмот, вели Џенингс, е прикриен во сите обележја на Христијанската црква. Иако презентираме непобитни и документирани докази, силно се спротивставуваме на оние што ќе не обвинат за деструктивни тенденции против Христијанската црква; сосема спротивно, нашите објаснување ќе бидат градежни тули за Христијанското Верување; нашата цел е да бидеме конструктивни!

Goerres вели во неговиот Христијански Мистицизам, том. 3: Надворешното теоретско знаење не треба да се презира; тоа е помош за трагачот по вистинската гноза, но вистинската теозофија и знаење за Господ и за Себството не може да се најде во учењата на еволуционистите, нивните теории и системи, за состојбите на жителите во средниот регион или небото и други слични работи. Секоја личност сама стекнува своја внатрешна перцепција и самоспознание за мистериите на Господ во природата и во космосот.

Притисни одозгора надолу во средната точка на телото, таму ќе најдеш семе кое со помош на светлината доаѓа до пораст.

Проф. Херман вели, во том 3 од Постанокот, стр. 98: Манихејците никогаш не можеле да бидат целосно истребени од црквата. Доказ за ова се Адамитите, секта на Манихејци која се уште егзистираше во средината на 19 век (1850-60) во Австрија и која се здоби со ист третман како и Римската католичка црква.

Адамитите го добија нивното име бидејќи ги прославуваа нивните црковни церемонии и прослави сосема голи. Нивните церемонии и учења постојат во модерна форма и кореспондираат со оние на Манихејците. Нивниот фестивал на Марија, особено фестивалот на Марија во текот на месец Мај (Мајско посветување) кореспондира со Баханалија од фестивалот на Церера Либера, Елевзинските оргии. Адамитите беа верници и следбеници на исконската мистерија на оплодувањето. Овој култ на оплодување беше непресушен извор на животна радост и ентузијазам.

Овој култ создаваше религиозна екстаза горе и долу се додека светата Марија не го отвореше срцето и сетилата, а светиот фалус во своето изобилство ја импрегнираше плодоносната утроба. Во овие церемонии и фестивали на Адамитите владееше комунизмот – на жените во однос на мажите и на младината. Меѓутоа, комунизмот не владееше во секојдневниот живот. Само во текот на церемониите и на светите места (Храмови и шуми) мажите и младите имаа право (и должност) да го комплетираат актот со некоја од жените кои биле присутни во Храмот или шумата. Во секојдневниот живот жените им припаѓаа на нивниот Стопан и Господар. Сепак, секој маж имал право да поседува неколку жени доколку има доволно средства. Децата од различни жени биле третирани подеднакво (во рамките на друштвото на членовите од култот) и таткото бил одговорен за нивната поддршка итн.

Иако црквата не успеала да ги уништи овие наследници на старите Манихејци, моќта на државата успеала во прогонството на членовите од овој култ и ја отстранила оваа секта надвор од јавниот живот. Оние членови кои побегнале од прогонот се собирале тајно под закрила на ноќта и направиле тајни друштва исто како и древните. Токму на овој начин преживеале следбениците на Манихејците и членовите на стариот култ на Фалусот. Во последните десетина години тие успеале да се појават во јавноста на разни места со различни имиња и различна облека. Тие создадоа литература и освоија нови членови насекаде. Завршен Збор

Научи да јадеш од дрвото на Знаењето и да уживаш од плодот на дрвото на Животот. Барај ги двете во себе и кога ќе го препознаеш нивното место веќе си пристигнат на највисоката скалило од дванаесеткратната скала.

Преку ова ќе се разбуди Божествената Љубов која не постои во изопачените умови на луѓето, туку во неговото срце од каде ќе се роди спасоносната струја која ни дава визија за вечната светлина и поништување на сета лажност. “Вечното-женско не воздигнува?!”

Back To Top