Постои популарно сфаќање, делумно поради неинформираност или поради суеверие дека бројот 666 е број на Ѓаволот, односно Сатаната.
Неупатените луѓе ваквото верување го поткрепуваат со авторитетот Јован Богослов и неговата Апокалипса. Во неа во глава 13 стих 18 се вели: “Тука е мудроста, кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест”.
Штом се работи за света книга, кај покорниот верник нема место за истражување и сомнеж. За жал малкумина од луѓето знаат дека Библијата е чиста кабалистичка книга. Тајната наука на евреите, Кабалата, била привилегија само на најупатените рабини и се пренесувала од уста на уво. За адептот кој е упатен во Кабалата се говори дека од неговата утроба излегуваат реки со жива вода.
Сите свети книги се шифрирани и не можат да се толкуваат буквално. Слепата вера е спротивставена на нашиот Научен Илуминизам и е одлика на глупоста.
Исто така, светоста на една книга зависи од рангот на кабалистот, т.е. адептот. Кроули на едно место спомнува дека повеќето еврејски рабини не биле комплетирани адепти од највисок ранг, можеби со исклучок на Мојсие. Така Јован Богослов бил член на секта која ги мразела Николаитите, нивните ривали.
Таа омраза и секташко препукување кај Витлеем Корал нашла место и во Апокалипсата. Како и да е, неговите визии се преполни со кабалистички симболи и не можат да се сфатат без да се познава главната матрица од која се извлечени.
Во еврејскиот алфабет, секоја буква има број и име. Буквата V = w (W), т.е. Вав, во алфабетот има бројна вредност 6 и е припишана на сферата на Сонцето на Дрвото на Животот. Во нашиот микроуниверзум, тоа е соларниот плексус (важен сплет на садови одма под дијафрагмата). Дел од атрибуциите на Сонцето, Изворот на Животот, го вклучуваат срцето, разумната душа наречена Руах; од металите е златото; во светот Асиах бојата е жолта, од животните е лавот итн. Буквата Вав значи Син, а Исус бил син божји и Ново Сонце. Ова е само најминорен пример на кабалистичките темели врз кои е поставена Библијата.
Бидејќи според Кабалата има 4 света на постоење, божествениот Ацилут, ангелскиот Бриах, формативниот Јецирах и Асиах, секоја планета има по еден број за секој од овие светови.
Првиот број го дава боженственото име, вториот архангелското или ангелското, третиот се однесува на формативниот свет Јецирах, четвртиот името на духот (или слепата сила).
Магиските квадрати на планетите се прастари. Меѓу другото се заслужни и за создавањето на шахот. Тоа ги навело одредени свештеници дури и да дигаат узбуна дека шахот е измислица на ѓаволот. Покрај 6, другите броеви на Сонцето се, неговиот квадрат 36, збирот на броевите од 1 до 36 (1 + 2 + 3 . . . + 35 + 36 = 666) и 111, кој е третиот број на Сонцето, односно збир на сите редови и колони во магискиот квадрат на Сонцето; Големиот Ѕвер од Апокалипсата е, всушност, Сонцето, кое е одраз и симбол на Сеопштиот Креатор.
Таблица на Сонцето | Збирот на броевите (буквите) во првиот ред е 6 + 32 + 3 + 34 + 35 + 1 = 111 исто така и во другите редови е 111. Збирот на броевите (буквите) на првата колона е 6 + 7 + 24 + 13 + 25 + 36 = 111 исто и во другите колони е 111. |
Кроулиевото поистоветување со 666 датира од негова најрана возраст. Неговите родители биле членови на христијанската секта Плимутски Браќа, секта слична на Јеховините Сведоци, во која се верувало дека само тие се избраните, а останатите ќе горат во пеколот. Кроули бил доста жив и немирен, а таквиот темперамент ја инспирирал мајкаму да го нарече ѕвер, според Големиот Ѕвер од Апокалипсата. Подоцна Кроули ја открива окултната симболика на Апокалипсата и ја презема неговата мисија како пророк и син на Сонцето. Неговото магиско име Мајстор Терион (ת – тау=400, ר – реш=200, י – јод=10, ו – вав=6, ן – нун=50) има вредност 666, а во сето ова добро се вклопува и неговиот подзнак или асцендент Лав, кој исто така е припишан на Сонцето. Уште повеќе, симболиката на 666 му се појавува со примањето на Книгата на Законот и со откривањето на Стелата 666 во Музејот Булак во Египет.
Во Кабалата 666 е број на:
- Духот на Сонцето Сорат SVRTh = 666 (S=60, V = 6, R = 200, Th = 400)
- ANKH-AF-NA-KHONSV(T) = 666 (Име на Египетски Свештеник, кој бил поранешна инкарнација на Кроули.
- NVThIRV (Нутеру = Богови) = 666
- Името Исус на хебрејски ShM IHShVH ( שמ יהשוה ) има вредност 666
Исто треба да се напомене дека Хексаграмот е симбол на Сонцето, бидејќи е составен од 6 линии, а секоја линија е поделена на 3 дела т.е имаме 6 х 111 = 666.
666 е симболизиран и од буквата Шин (c), која е составена од три Вав-а www и тоа е еднакво на 666. Во 666 ние не гледаме никаков ѓаволски број, од проста причина што во Телемата не постои Сатана. За нас 666 е симбол на нашиот татко Ѕверот т.е. Сонцето. Постојат три Сонца во едно, говори последниот пагански иницијант, императорот Флавиј Јулијан во неговата химна на Митра. И токму на таа ѕвезда е пророк Алистер Кроули.
Благослов и обожување за пророкот на милата Ѕвезда! (Liber AL II:79)